email facebook twitter youtube

logo

Просторот на дигиталните медиуми се менува со брзо темпо и технологијата која се развива им овозможува на корисниците да го видат и да комуницираат со светот од различна перспектива.

Идејата за проектот Разбивање на границите произлезе од увидувањето дека возрасните кои посетуваат часови за описменување се соочуваат со изразен јаз помеѓу работите кои се учат во училница и начинот на кој општеството функционира. Писменоста на возрасни исто така е во фокусот на мноштво работни документи во ЕУ и стратегии каде клучните елементи за успешна пракса се фокусирани на себеизразување, поставување и решавање на проблеми, соработка и тимска работа, учење како да се учи и свесност за јазикот. Во овој контекст, писменоста се гледа од перспектива основана на вештини и социјално основана перспектива каде комуникацијата која ги користи споделените искуства влијаени од одредени општествени практики, станува клучна.

Следствено на ова, прашањето кое се поставува е како е технологијата поврзана со комуникацијата и како оваа поврзаност се врзува со наставната програма за описменување на возрасни? Одговорот на ова прашање е обезбеден преку пакетот алатки.

Концептот за пакетот алатки може да се деконструира ако размислуваме за него преку метафората за патникот кој се подготвува за патување. Во овој случај патникот е обучувачот, а патувањето е практиката на подучување. Пред патникот да тргне на патувањето, тој/таа треба да има точка на поаѓање и треба да си ги спакува потребните работи кои тој/таа смета дека ќе му/и бидат потребни. Во текот на патувањето, патникот може да отстани некои работи од багажот, може да додаде дополнителни работи или да ги искористи работите за кои имал/а друга намена, на друг начин. Патникот не знае каде ќе го однесе патувањето и што или кого ќе сретне по пат, но багажот, кој во оваа метафора е пакетот алатки, ќе го оспособи со тоа што му/и треба за да го направи патувањето поуспешно.

Поради тоа, пакетот алатки треба да се гледа како динамично претставување на алатки кои се корисни и потребни за патот кон подучувањето. Како и да е, алатките во багажот можат различно да се користат од страна на патникот во зависност од контекстот и околината, како и од самото патување. За да се вратиме назад на предизвикот претставен преку јазот помеѓу напредувањата во технологиите и дигиталните медиуми и наставната програма, самиот пакет алатки обезбедува увид во бројни дигитални алатки и апликации и дава насоки и предлози како да се пристапи и да усвојат таквите алатки за да им помогнат на возрасните ученици да се здобијат со вештини за писменост преку искористување на моменталниот дигитален простор.

Категоризацијата на информациите кои можат да се најдат во пакетот алатки е дизајнирана и развиена околу рамката за резултати од учењето (http://www.schoolslearningoutcomes.edu.mt/en/) за писменост со фокус на слушање и говорење, читање и пишување на јазикот. Иако оваа рамка беше развиена како дел од проект во училиштата, се повикува на писменост за стручно-образовни цели. Ова беше искористено за да се адаптира на потребите на учењето кај возрасните.

Затоа како дел од пакетот алатки, обучувачот ќе се повика на резултат од учењето и идеи за тоа како дигитална алатка или медиум може да се искористи за да се постигне тој резултат. Како конкретен пример за ова, ќе го разгледаме резултатот од учењето поврзан со оралната комуникација:

Создавање на реченично стебло кое е соодветно за дискусија поврзана со зададена тема (на пример трагични настани). Во овој случај, пакетот алатки ќе обезбеди информации кои можат да водат до активности на час. Оваа информација ќе биде поделена во наслови како што се наставни цели и задачи, алатки кои можат да се искористат, како да се пристапи до алатките и како да се користат и други дополнителни материјали и ресурси кои обучувачот може да ги искористи за и со неговите/нејзините ученици.

Овој пакет алатки може да се користи само од страна на обучувачи за да се искористат идеи и страгии за подучување на час, но исто така може да се користи и како платформа за размена на идеи и за да се зајакне заедницата на обучувачи на возрасни преку комуникација и соработка.

По оваа логика, почнавме да го гледаме пакетот алатки во смисла на широки насоки, кои секој обучувач може слободно да ги адаптира и присвои со неговите/нејзините возрасни ученици. Поради тоа, пакетот алатки моќе да се гледа како повеќе делови на информации, групирани во специфични категории кои помагаат во барањето и филтрирањето на содржива во смисла на целни групи, ниво на компетенции и поставени резултати од учењето. Пакетот алатки обезбедува препораки и сугестии за тоа како апликациите, алатките и медиумите можат да се користат за да се постигне резултат од учењето и во извршувањето. Пакетот алатки е повеќе од статично складиште за материјали и наставни планови создадени од експерти, туку претставува споделена колекција на идеи, искуства и стратегии за имплементирање на сценарија во училницата за возрасни од обучувачите за обучувачите.

Сите содржини објавени под Заедничка Креативна Лиценца