Четирите клучни цели на проектот се:
- Истражување и споделување прекугранични најдобри практики со цел да се разберат пристапите кон справување со основна писменост кај возрасни преку дигитални иновации;
- Обука на обучувачи на возрасни кои се специализирани во подучување на основни вештини за писменост;
- Создавање на иновативен пакет алатки за обучувачи за возрасни фокусиран на користење на дигитални медиуми и интерактивно раскажување на приказни во подучување на основни вештини;
- Развој на прилагоден прирачник како дополнение на дигиталниот пакет алатки.